За нас

Компанијата ИНСАЈТ Груп е основана во 2011 година како резултат на визијата дека на компаниите во регионот им е потребна високо професионална поддршка за развој на нивните бизниси преку докажани стратегии и алатки за развој на вработените.

Името на компанијата – ИНСАЈТ / INSIGHT укажува на потребните УВИДИ или сознанија за луѓето со кои работиме за да можеме да носиме издржани одлуки. Овие одлуки овозможуваат максимална реализација на потенцијалот на секој вработен, важен на лично и организациско ниво. Затоа работиме со докажани светски алатки и методологии, кои се основата за нашите програми за развој.

Нашата страст е во поттикнувањето и поддршката на промени во компаниите кои им овозможуваат остварување на нивните бизнис цели и мисии. Веруваме дека секоја компанија, со вистински партнерства и посветеност на сите вработени, може да постигне неверојатни резултати. Преку подобрувањето на работата на компаниите, на начинот на кој тие ги ангажираат своите вработени, веруваме дека позитивно влијаеме на нашата поширока заедница.

Галерија

Огласи за работа

Обуки и сертификации